Девет години од убиството на бранителите кај Вејце

Денеска се навршуваат девет години од убиството на осумтемина македонски бранители кај тетовското село Вејце.
Во нападот на 28 април 2001 година беа убиени припадниците на единицата „Волци“ на АРМ, Роберт Петковски од Бунарџик, Скопје, Бобан Трајковски од Куманово, Игор Костески од Скопје и Миле Јаневски од Македонска Каменица и четворица припадници на единицата на МВР “Тигри”: Марјан Божиновски од Битола, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски од село Горно и Долно Оризари, Битола и Илче Стојановски од Породин.