Земјите од евро зоната во мај за заемот на Грција

Претставници на земјите од евро зоната планираат на 10 мај да одржат самит на кој ќе одобрат програма за заем на Грција, за да и помогнат да излезе од економската криза, соопштија извори блиски на шпанското претседателство во ЕУ. На пакетот за помош на Грција во вредност од 45 милијарди евра засега се противи Германија, која смета дека тоа ќе биде преголем товар за нејзината економија.