Објавен предлог- буџетот на ЕУ за 2011 година

Европската Комисија вчера го објави предлог- буџетот за 2011 година во износ од 131,1 милијарди евра, што е 5,9 насто повеќе од годинашниот буџет. Амбицијата на овој предлог- буџет е да го поттикне економското заздравување заедно со земјите- членки, изјави еврокомесарот за буџет Јануш Левандовски. Предлогот се упатува до земјите членки, кои обично настојуваат да ги намалат трошоците. Тие треба да се изјаснат за предлог- буџетот до јуни, а Европскиот парламент треба да гласа во октомври.