Обичните грци не сакаат помош од ММФ и ЕУ

Мнозинството Грци, според истражувањата, не ја одобруваат одлуката на премиерот Јоргос Папандреу да побара помош од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд и стравуваат од појава на социјални немири.
Агенцијата Паблик опинион соопшти дека 60,9 отсто од анкетираните Грци се против одлуката на Владата додека 70,2 проценти не сакаат ММФ да и дава пари на Грција. Повеќе од 51 процент од граѓаните сметаат дека економската политика на Владата не се движи во вистинската насока, а 67,4 проценти предвидуваат социјални тензии и немири во земјата поради помошта побарана од ЕУ и ММФ.
Анкетата покажува дека рејтингот на Папандреу сепак и натаму е висок. Премиерот ја доби поддршката од 50,8 проценти од граѓаните.