САД го екстрадираа Нориега во Франција

Поранешниот лидер на Панама Мануел Нориега денеска од Соединетите држави каде што над 20 години беше во затвор e екстрадиран во Франција. Тој во отсуство таму е осуден на 10 години затвор за перење пари. Претходно Панама побара од американските власти да го вратат Нориега во земјата за да му се суди за убиства на политичките противници за време на неговиот режим од 1983 до 1989 година. Нориега во шеесетите години беше регрутиран од ЦИА, но подоцна неговите односи со Вашингтон се влошија. За време на американската инвазија врз Панама во 1989 година тој беше уапсен, а потоа и осуден за шверц со дрога.