Бакиев обвинет за масовни убивања

Соборениот претседател на Киргистан Курманбек Бакиев е обвинет за организирање убиства на голем број луѓе, изјави денеска претставник на преодната влада во Бишкек. Најавено е дека на Бакиев ќе му биде укинат претседатлскиот имунитет. Тој по насилните нереди од почетокот на месецов во кои загинаа над 80 луѓе, избега од земјата, првин во Казахстан, а потоа во Белорусија.