Британскиот амбасадор во Јемен, неповреден при бомбашки напад

Британскиот амбасадор во Јемен, Тим Торлот, останал неповреден при бомбашки напад во Сана. Бомбаш самоубиец детонирал експлозив додека амбасадорот минувал со автомобил на пат кон амбасадата, но во инцидентот загинал само напаѓачот.