Груевски очекува конкретен предлог од Нимиц во мај

Премиерот Никола Груевски очекува во мај медијаторот Метју Нимиц да даде конкретен предлог или сет-идеи за надминување на проблемот со името меѓу Грција и Македонија. Се надевам дека во мај ќе даде предлог кој ќе биде прифатлив за двете страни, а пред се за Република Македонија, страната која е најмногу притисната и во најнеповолна ситуација со овој проблем, изјави Груевски. Запрашан за последната анкета на Институтот за демократија „Социетас Цивилис” спроведена на барање од Министерството за одбрана, во која над 80 отсто од граѓаните се против промена на името за членство во НАТО, премиерот Груевски рече дека нема коментар.