Мусави: Иран е во криза

Иран е во криза и единственото нешто кое може да ја спаси исламската република е промена на пристапите на лидерите, смета лидерот на иранската опозиција Мирхусеин Мусави во интернет статијата објавена на неговата интернет страна „Калеме“. „Немојте да сметате дека реформското движење веќе не постои“ додава Мусави во натписот, обвинувајки ја власта за супресија на опозициското движење во земјата со употреба на исламската религија. „Исламот не значи дека некој треба да биде претепан или затворен“ пишува лидерот на иранската опозиција.