Новиот правилник виновен за недостигот на лекови ?

Доколку се увиди дека навистина нема лекови на позитивна листа во аптеките по 10-ти во месецот, тогаш ќе се побара од Фондот за здравствено осигурување да се зголеми количината на лекови достапни за граѓаните рече денеска министерот за здравство Бујар Османи. Од Фондот велат дека станува збор за адаптирање на еден нов правилник кој значи транспарентно дистрибуирање на квотите по аптеките, додаде министерот. Според Османи, кога иста сума на пари се дели на повеќе аптеки квотата поединечно на секоја аптека да се намали.