Германија бара порестриктивни мерки во Грција

Грција мора да усвои нови ограничувачки мерки со цел да добие финансиска помош од Европската унија, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шаебуле. Доколку Грција не воведе поголеми рестрикции во трошењето, помошта нема да и биде испратена, вели министерот во интервју за германскиот весник „Билд“. На 23 овој месец грчкиот премиер Јоргос Папандреу побара пакет финансиска помош од земјите членки на ЕУ кои го користат еврото како официјална валута. Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд соопштија дека помошта за Грција е возможна и доколку државата воведе порестриктивни антикризни мерки, првата уплата може да се очекува во мај годинава.