Пет ракети лансирани во Персискиот залив

Иранската револуционерна гарда денеска тестираше пет ракети во рамките на воената вежба во персискиот залив. Новинската агенција „Фарс“ јави дека подводните и воздушните ракети биле насочени кон една мета. Воената вежба на гардата се случува во тензични услови, кога западните земји дискутираат за можни нови санкции против исламската република поради нуклеарната програма на официјален Техеран.