Македонија трет најдобар реформатор според Светската банка

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска во Вашингтон ја прими наградата од Светска банка за Македонија која годинава, според извештајот „Дуинг бизнис“, е една од трите најдобри реформатори, јави известувачот на МИА. Ставрески рече дека наградата значи дека во континуитет се спроведуваат реформите и дека веќе сме во групата поуспешни земји од аспект на подобрувањето на инвестицискиот амбинт. Ова е трета година по ред Македонија да биде високо рангирана на листата која ја подготвува Светската банка.