Претседателски избори во Австрија

Денеска во Австрија се одржуваат претседателски избори. Во јавноста станува се` поизвесно дека нов шеф на државата ќе биде социјал-демократот Хајнц Фишер. По денешното гласање останува да се види колав процент од гласовите ќе освои неговата противничка Барбара Росенкранц. Таа во јавноста предизвика контроверзии откако изјави дека законот за забрана на глорификување на нацистите во земјата не е во согласност со уставот.