Ахмадинеџад: нови санкции би биле илегални

Нови санкции на Обединетите нации против Иран би биле илегални, рече иранскиот претседател Махмуд Ахмадинејџад. Иранскиот лидер, кој ја заврши дводневнатѕа посета на Уганда, ја критикуваше иницијативата за нови санкции за неговата држава поради нуклеарната програма на официјален Техеран. Во заедничка изјава иранскиот претседател и претседателот на Уганда велат дека се против производството на оружја за масовно уништување.