Убиство во Чаир

Непознат сторител го застрелал 45 годишниот Рамдан Рамадани во пицерија во скопската населба Чаир денеска. Полицијата трага по убиецот кој испукал цел шаржер од автоматска пушка и избегал. Според изјави на очевидци, пред убиството немало расправија. Според се уште неофицијални информации, се верува дека Рамадани, вработен во „ЕВН Македонија“, бил застрелан поради тоа што на убиецот му ја исклучил струјата поради неплатени долгови.