Претставници на ММФ и Светската банка на разговори за Грција

Претставници на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка денеска ќе се сретнат во Вашингтон на разговори за состојбата на грчката економија. Средбата се случува по барањето од официјална Атина за активирање на пакетот за економска помош кој тежи 45 милијарди евра, кои би се намниле за спас на грција од задолженост. Се очекува дека ММФ ќе и препорача на Грција да продолжи со реформите. Грчките власти пак, ја очекуваат првата уплата финансиска помош најкасно до 19 мај.