Папата Бенедикт 16 со подршка за македонската евроинтеграција

Македонија и Македонците имаат богато историско, духовно и културно наследство што можат да и го понудат и пренесат на Европа. Соработката, пак, меѓу различните религии и внатрешната кохезија можат да ја направат земјата пример за другите регионi.
Ова го истакнал папата Бенедикт 16. на средба во Ватикан со македонскиот амбасадор при Светата столица Ѓоко Ѓорѓиевски. Како што пренесува Католичката новинска агенција – ЦНА, Поглаварот на Римокатоличката црква искажал и подршка за македонската евроинтеграција.