Земјотрес во северо-источна Индонезија

Земјотрес со сила од 6,4 степени, според Рихтеровата скала, ги погоди денеска островите во североисточна Индонезија. Засега нема извештаи за повредени или материјална штета или, пак за опасност од цунами. Ова е последен од серијата земјотреси во Индонезија во последниве месеци. Во септември од земјотресот на Суматра загинаа илјадници луѓе.