Македонија во Германија гледа силен партнер

,,Македонија гледа силен партнер во Германија за надминување на пречките кои се исправени пред нас во реализација на нашите интереси.,, Ова го изјави претседателот Ѓорге Иванов на денешната научна конференција насловена „Науката и уметноста“, организирана од МАНУ и Друштвото на науките од Берлин „Лајбниц“. Денешната конференција, рече тој, е потврда за добрата соработка меѓу двете земји.