Протест на стечајците пред Собранието

Стечајните работници и оние кои се прогласени за технолошки вишок денеска протестираат пред Собранието на Македонија, барајќи решавање на нивниот статус. Тие бараат од државата да добиваат месечен надоместок по околу 100 евра до следното вработување или пензионирање. Претходно група стечајци кои се претставија како граѓанска иницијатива од Куманово протестираа пред просториите на поранешниот претседател на Македонија Бранко Црвенковски. Тие информираа дека од денеска нема да учествуваат во протестите кои подолго време се одвиваат пред Владата на Македонија.