Конференција за културното наследство на Балканот

Денеска во Цетиње, Црна Гора, ќе биде одржана шестата министерска конференција на УНЕСКО за културното наследство во Југоисточна Европа, на тема „Културното наследство - мост кон заедничка иднина“. Средбата, на која ќе учествува и македонската министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска, се очекува да заврши со усвојување и потпишување Цетинска декларација. Утре ќе биде одржан и состанок на Советот на министри за култура од Југоисточна Европа, со кој годинава претседава Црна Гора.