Времето сончево, попладне облачно со дожд

Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а рано попладне почнувајќи од запад облачноста ќе се зголеми и ќе има врнежи од дожд, кои во вечерните часови ќе се прошират во поголемиот дел од земјава. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура се движи од три до девет, а дневната ќе биде од 16 до 23 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност, а кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Утринската температура се спушти до шест, а дневната ќе достигне до 20 степени.