Бајден: Кина ќе се согласи за нови санкции за Иран

Потпретседателот на САД Џо Бајден рече дека Кина ќе се согласи за нова серија санкции против Иран поради нуклеарната програма на официјален Техеран. Кина ќе прифати нови санкции за Иран, рече Бајден во интервју за американската телевизија „Еј-Би-Си“, додавајки дека ова е прв пат целиот свет да се согласи дека исламската република ги преминала сите граници.