Русија не ги признава тврдењата на Бакиев

Руските власти соопштија дека не ги препознаваат тврдењата на поранешниот киргистански лидер Курманбек Бакиев дека тој се уште е претседател на Киргистан. Рускиот министер за надворешни работи Сергеи Лавров на прес конференција денеска, изјави дека ракописната оставка на Бакиев не може да се повлече со вербална изјава. Бакиев избега од Бишкек за време на немирите и моментално се наоѓа во Белорусија. Вонредните избори во Киргистан ќе се одржат на десетти октомври годинава, соопшти вчера самодекларираната привремена влада во земјата.