Сирија предупредена за снабдувањето на Хезболах со ракети

Вашингтон неколку пати ја предупредил Сирија дека пренесување на балистички проектили во Либан за потребите на милитантите на Хезболах, може да доведе до војна во регионот, изјавил висок американски дилпломат. Помошник државниот секретар задолжен за Блискиот Исток, Џефри Фелтман изјавил дека таквиот потег е провокативна акција. Тој не ги потврдил извештаите дека Сирија
испраќа ракети но рекол дека администрацијата на Обама на случајот гледа со загриженост. Израел ја обвини Сирија дека го снабдува Хезболах со балистички проектили.