Пешевски: ќе се настојува да се реши статусот на негувателките

Негувателките со повеќе од две години нерегулиран работен статус ќе бидат вработени на неопределено време. Ова е договорено на денешната средба во Владата меѓу претставници на негувателките и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски. Вицепремиерот по средбата изјави дека ќе се настојува да се реши статусот на негувателките кои подолго време работат со нерегулиран стаж, а во оние општини каде бројот на вработените бил зголемен без одобрение на Министерството за финансии, товарот ќе го превземат единиците на локалната самоуправа. Негувателки од детски градинки од Скопје, Куманово, Струмица и Охрид денеска протестираа пред владата бидејки со години работеле под договор на дело. Според организаторите на протестот, моментално 329 негувателки немаат регулиран работен статус.