Триесет и седуммина повредени во Сараево

Во протестот на здруженијата на борците во Сараево повредени се 37 луѓе, а неколку полициски куќички се запалени. Од повредените, едно лице е во тешка здравствена состојба. Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите кои наводно се обиделе да ја запалат зградата на Владата на Босна и Херцеговина. За сега состојбата е мирна. Нередите избиле откако премиерот Мустафа Мујезиновиќ не им се обратил на насобраните во 13 часот, по што толпата тргнала кон зградата на Владата на Босна и Херцеговина. Протетсот е организиран од Сојузот на носители на највисоки воени признанија, Сојузот на воени инвалиди, Организацијата на шехидите и загинатите борци и Сојузот на демобилизирани борци.