Одложен традиционалниот мировен собир во Авганистан

Авганистанската влада денеска соопшти дека за две до три недели се одложува традиционалниот настан „мировен собир на племенските лидери“. Официјалната причина за одлагањето на собирот на локалните лидери е официјалната посета на претседателот Хамид Карзаи на Вашингтон, закажана од 10 до 13 мај. На овој традиционален настан би требало да присуствуваат илјадници учесници.