Пребројување на гласовите од Багдад во следниве две недели

Пребројувањето на гласовите од ирачките избори ќе се одвива во следниве две недели, соопштија денеска од Државната изборна комисија. Како што пишува во соопштението објавено на интернет страната на комисијата, денеска била формирана посебна комисија за пребројувањето на гласовите од главниот град Багдад. Од багдадските гласачи зависат 68 места во парламентот кој брои 325 места. Според првичните резултати од парламентарните избори во земјата, партијата на поранешниот премиер Ајад Алави доби 91 место во парламентот.