Киргистан ја осуди Белорусија за згрижување на соборениот лидер

Привремениот лидер на Киргистан Роза Отунбаева денеска ја осуди одлуката на Белорусија да му обезбеди засолниште на соборениот претседател Курманбек Бакиев. Белорускиот претседател Алекснадар Лукашенко вчера изјави дека Бакиев и неколку членови на неговото семејство дошле во Минск и оти се под негова заштита. Бакиев денеска во Минск изјави дека тој останува претседател на Киргистан и побара од светските лидери да не ја признаваат преодната влада во таа земја