ММФ и ЕУ ги почнаа преговорите со Грција

Претставници на Меѓународниот монетарен фонд и на Европската унија денеска во Атина ги почнуваа десетдневни разговори со грчките власти за мерките што треба да ги преземе Грција за намалување на долгот до 2012 година. Земјите од еврозоната понудија 30 милијради евра итна помош доколку Грција го побара тоа. Официјална Атина треба допрва да реши дали и кога да ги искористи понудените пари. Во меѓувреме, во Грција за денеска се најавени нови штрајкови против антикризните мерки на владата.