Продолжува судењето на Караџиќ

Денеска во Хашкиот Трибунал продолжува судењето на поранешниот претседател на Република Српска Радован Караџиќ, со исказ на третиот сведок на обвинителството. Заштитениот сведок се очекува да говори за масовното убиство на муслиманите од Сребреница во 1995 година. Караџиќ е обвинет за геноцид и злосторства против човештвото над Муслиманите и Хрватите, како и за земање меѓународни заложници за време на војната во БиХ 1992-95.