ГРЕКО: поголем надзор врз финансирањето на партиите во Турција

Турското антикорупциско законодавство треба подлабоко да се преразгледа, побара групата држави против корупцијата- ГРЕКО во рамките на Советот на Европа. Во извештајот, објавен во Стразбур, групата упати критика поради недоволниот надзор врз финансирањето на политичките партии во Турција. Во извештајот се нагласува дека банкарските сметки на политичките партии не се проверуваат од независни органи и е мошне тешко, дури и невозможно да се направи споредба меѓу партиите поединечно.