Убиени четворица Авганистанци

Војници на НАТО убиле четворица невооружени Авганистанци, чие возило се приближувало кон нивниот конвој во источен Авганистан. Инцидентот веднаш беше осуден од авганистанскиот претседател Хамид Карзаи. НАТО соопшти дека двајца од загинатите во престрелката подоцна биле идентификувани како „познати бунтовници“, но Карзаи и шефот на локалната полиција тврдат дека сите загинати биле цивили, меѓу кои и едно 12-годишно момче.