САД го осудуваат трансферот на оружје од Сирија за Хезболах

Највисокиот сириски дипломат во Вашингтон е повикан во Стејт департментот поради „провокативното однесување на Сирија“ во врска со можниот трансфер на оружје на либански Хезболах. САД најостро осудуваат трансфер на какво било оружје, а особено на балистички проектили како што е Скад, од Сирија на Хезболах. Тоа може да го дестабилизира регионот и да претставува опасност за безбедноста на Израел и за суверенитетот на Либан, се истакнува во соопштението од Стејт департментот.