Регистрација на кандидатите за парламентарните избори во Авганистан

Денеска во Авганистан почна регистрацијата на кандидатите за парламентарните избори, закажани за 18 септември годинава. Закриа Баракзаи од авганистанската изборна комисија рече дека комисијата ќе стори се` за да обезбеди не само демократски, туку и слободни избори во земјата. Претседателот Хамид Карзаи минатата недела назначи нов шеф на Државната изборна комисија по обвинувањата за изборен фалсификат на ланските претседателски избори.