Уапсени четириесетмина лекари

Четириесетмина лекари од клиниките од Фондот за за пензиско и инвалидско осигурување се уапсени во полициска акција во Македонија, јавија новинските агенции. Акцијата е се уште во тек. Уапсените се товарат за злоупотребa функцијата и примање мито за издавање на инвалидски пензии. Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека акцијата е во тек, по што би требало да има повеќе детали.