Бојкот на Судиите поротници во Скопје

Судиите поротници од Основните судови Скопје 1 и 2, незадоволни од висината на дневниот надомест за нивното ангажирање, кој е намален од 200 на 125 денари, од денеска ги бојкотираат сите судења.
Тие бараат зголемување на дневниот надомест до полн износ на службената дневница во Македонија, која како што велат од Иницијативниот одбор, сега изнесува 500 денари. Бараат и зголемување на старосната граница од 60 на 64-годишна возраст и ретроактивна исплата на досегашните надоместоци, почнувајќи од 1 јануари годинава.
Во Основниот суд Скопје 1 и во Основниот суд Скопје 2 има околу 300 поротници.