Се отвора воздушниот простор над Србија

Воздушните простори над Хрватска и Босна и Херцеговина од попладнево се делумно отворени за сообраќај, а од вечерва од 18 часот ќе биде отворено и небото над Србија и над Црна Гора, јавија новинските агенции. Воздушните простори над Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора и над северниот дел на Србија, беа затворени вчера, поради надоаѓањето на облакот со пепел од исландскиот вулкан на глечерот Ејафјалајоку, кој предизвика застој во еврoпскиот воздушен сообраќај. Од попладнево за сообраќај е отворен воздушшниот простор над централна и јужна Хрватска, како и аеродромите во Дубровник, Задар и Сплит. Небото над северозападниот дел на Хрватска, вкучително и над Загреб, и натаму останува затвортено за сообраќај.