Илјадници се собраа пред катедралата во Краков

Илјадници жители на Полска денеска се собраа пред катедралата во градот Краков каде во тек е погребот на покојниот претседател Лех Качински и неговата сопруга Марија. Насобраните аплаудираа и фрлаа цвеќиња кога телата на покојните пристигнаа во градот. Со погребот завршува неделата на жалење во Полска. На десетти овој месец Качински заедно со уште деведесетина други членови на владина делегација загина во авионска несреќа во рускиот град Смоленск. Многумина лидери го откажаа присуството на погребот на Качински поради облакот вулканска пепел која го зафати воздушниот простор над голем дел од европскиот континент.