Иванов нема да оди во Краков

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов нема да присуствува на погребот на неговиот полски колега Лех Качински закажан за денеска во Краков. Како што информира Кабинетот на Иванов, патувањето е откажано во последен момент поради последиците од вулканскиот прав што ја зафати Европа. Американскиот, турскиот и францускиот претседател како и лидери од Германија, Британија и претставници од Европската унија нема да присуствуваат на погребот на лидерот во Краков.