Двајца загинати во Авганистан

Двајца холандски војници загинаа во Авганистан денеска во експлозија на бомба поставена покрај пат. Министерството за надворешни работи на кралството Холандија соопшти дека двајцата војници загинале во близина на контролниот пункт Табар во јужниот дел на провинцијата Урузган. Во Авганистан се распоредени 1.600 холандски војници. Нивната мисија во земјата завршува во Август.