Лидери откажаа присуство на погребот на Качински

Неколкумина лидери го откажаа присуството на погребот на покојниот полски претседател Лех Качински, поради затворањето на воздушниот простор над поголемиот дел од Европа, причинето од облакот вулканска пепел од Исланд. Американскиот претседател Барак Обама, германската канцеларка Ангела Меркел, принцот Чарлс, турскиот претседател Абдула Гул и шефот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо веќе потврдија дека денеска нема да патуваат за Краков. За сега не се знае дали рускиот претседател Димитриј Медведев ќе присуствува на погребот. Качински, неговата сопруга Марија и деведесетина членови на полска владина делегација загинаа во авионска несреќа во градот Смоленск, Русија.