Пад на цената на нафтата, раст на вредноста на доларот

Цената на нафтата на светските пазари денеска бележи пад, додека американскиот долар доби на вредноста во услови на загриженост за ефектите од должничката криза во Грција и поднесената државна тужба против една од најмоќните фирми на Вол Стрит. Американската комисија за хартии од вредност поднесе тужба против гигантот „Голдман Сакс“. Државата ја обвинува компанијата дека со финансиска измама придонела кон создавањето на светската финансиска криза кон крајот на 2008 година. Во овие околности американскиот долар доби на вредност во однос со еврото. Едно евро сега се продава за 1,35 американски долари.