Ахмадинеџад: ново тело за контрола на нуклеарното разоружување

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска побара создавање ново глобално тело за надгледување на нуклеарното разоружување. Тој на отворањето на дводневната конференција за нуклеарно разоружување што се одржува во Техеран изјави дека е неопходна нова независна меѓународна група за да го спречува ширењето на нуклеарното вооружување. Претходно, иранскиот Врховен верски лидер ајатолахот Али Хаменеи во писмо до конференцијата наведува дека религијата забранува употреба на нуклеарно оружје. Тој оцени дека Соединетите држави биле, како што наведува, единствените атомски злосторници во светот, бидејќи употребија нуклеарно оружје во Втората светска војна. На конференцијата учествуваат претставници од 12 земји, меѓу нив и Русија.