Ердоган во идниот месец во посета на Атина

Грчката влада синоќа соопшти дека премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган во идниот месец ќе престојува во посета на Атина. Во соопштението се наведува дека за тоа вчера телефонски се договориле премиерите на двете земји Ердоган и Папандреу. Сепак, како што се додава, останува уште да се утврдел точниот датум на посетата.