Дуплиран бројот на руските милијардери

Бројот на милијардерите во Русија само во текот на минатата година бил двојно зголемен, се наведува во руското издание на магазинот Форбс. Сега во Русија имало 62 милијардери. На прво место е магнатот со челик Владимир Лисин со скоро 16 милијарди долари, по што следуваат инвеститорот Михаил Прохоров, приватниот банкар Михаил Фридман, Роман Абрамович и Олег Дерипаска.