Тајланд:поголема вклученост на војската

Тајландскиот премиер Абхисит Веџаџива изјави дека војската повеќе ќе биде вклучена во обезбедувањето на сигурноста во врска со антивладините протести во Бангкок. Илјадници демонстранти во минатата недела започнаа демонстрации на кои бараат оставка на владата. Протестите во саботата кулминираа во улични битки во кои загинаа 24 луѓе.