Лидерска средба Србија, Хрватска, Унгарија

Претседателите на Србија, на Хрватска и на Унгарија, Борис Тадиќ, Иво Јосиповиќ и Ласло Шољом, разговарале денеска во Печуј за соработката во евро-интеграциите и за националните малцинства. По разговорите, Шољом изјави дека тројцата претседатели се согласиле оти треба да бидат утврдени единствени стандарди во регионот во врска со малцинствата.